Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ ќе мора да паузира 15 дена од фудбалските терени, откако го истегна бутниот мускул на загревањето во пресрет на мечот меѓу Јувентус и Олимпијакос во Лигата на шампионите. Тој се повреди пред самиот старт на натпреварот, па тренерот Масимилијано Алегри му укажа шанса на Родриго Бентанкур.
„Миралем Пјаниќ ги мина медицинските тестови, а тие покажаа дека има повреда на бутниот мускул, заработена на загревањето пред мечот со Олимпијакос во ЛШ“, објави Јувентус на својот официјален сајт.
Пјаниќ ќе паузира две седмици, а потоа полека ќе се вклучи во тренажниот процес. Тој ќе го пропушти неделниот натпревар на гости против Аталанта во Серија А, и нема да биде дел од репрезентацијата на Босна и Херцеговина на последните квалификациски мечеви за СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА