Пјатек: Лудо е… играв со Пандев на „плејстејшн“, а сега е до мене во Џенова

Криштоф Пјатек е сензацијата на сезоната во „Серија А“, откако младиот голгетер на Џенова урна неколку рекорди со извонредните настапи на стартот од овој шампионат.

Тимот на Горан Пандев плати четири милиони евра за да го доведе Пјатек во своите редови, а Полјакот одговори со вкупно 12 гола, од кои осум во првите шест кола од Калчо-лигата и уште четири во Купот на Италија. Пјатек не ја крие гордоста од своите добри игри, но младиот голгетер има пофални зборови и за нашиот Горан Пандев, од кого дефинитивно има што да научи.

„Лудо е, кога и да играв на плејстејшн го избирав Интер, а Пандев ми беше еден од омилените играчи на компјутерската игра ФИФА. Со него правев лудории во играта, а сега е до мене во Џенова и ми помага со совети. Ова е старт од соништата за мене во Италија, не ни помислував дека вакво нешто е возможно, но тоа немаше да се случи ако ја немав поддршката од соиграчите“ – истакна Пјатек.

Се вчитува...