Пјонтек се враќа кај Пандев во Џенова?

Полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек, би можел да се врати во тимот во кој „експлодираше“. Тимот на Џенова го донесе од Краковија за само 4 милиони евра, а тој експлодираше и на 21 меч постигна 19 гола. Тоа му донесе трансфер во Милан вреден 30 милиони евра, но не ги повтори игрите од Ценова.

Меѓу „росонерите“ играше само една сезона, а потоа замина во Херта, но и во Германија не пружаше партии какви што се очекуваше. 26-годишниот Полјак сега би можел да се врати во Џенова и тоа како позајмен, со клаузула за негов откуп на договорот на крајот на сезоната со 17 милиони евра.

Пјонтек би бил големо засилување за Андреј Шевченко во обидот да избори опстанок во Серија „А“.

Се вчитува...