Фулам испадна, па почна да победува, Вест Хем и Лестер ремизираа

Фудбалерите на Фулам ја забележаа и втората победа по ред, откако и теоретски ги загубија шансите за опстанок во Премиерлигата, совладувајќи го Бормут нагости со 0-1, во мечот од 34. коло. Херој за тимот од Лондон беше Александар Митровиќ, кој од пенал стрелаше во 53. минута.

Во најинтересниот натпревар од понудата во 16 часот, Вест Хем и Лестер одиграа без победник, 2-2. „Чеканите“ поведоа со голот на Антонио во 37. минута. Во второто полувреме Лестер стигна до израмнување со погодокот на Џејми Варди во 67. минута. Избраниците повторно повредоа со голот на Лукас Перез во 82. минута, а во судиското продолжение бод за гостинскиот тим донесе Херви Барнс.

Резултати Премиерлига 34.коло:

Бормут – Фулам 0-1, Хадерсфилд – Вотфорд 1-2, Вест Хем – Лестер 2-2 и Вулверхемптон – Брајтон 0-0.

Се вчитува...