Плачко: Роналдо се налутил на Трансфермаркт, па го избришал од Инстаграм (ФОТО)

Трансфермаркт е еден од највлијателните фудбалски портали во светот кој е често цитиран во определба на пазарната вредност на фудбалерите. Влијанието на порталот е толку големо што успеало да го налути и Кристијано Роналдо.

Имено, во 2019 година при избор на најскапите играчи кои ги застапува супер-агентот Жорж Мендеш, Роналдо го најде своето место во иделаните единаесетмина, но пазарната вредност од 75 милиони евра не му се допаднала на португалскиот ас па по расправа, решил да го блокира порталот од своите социјални медиуми.

За целата ситуација сега проговорија и одговорните лица на порталот во разговор за The Athletic.

„Го имавме најскапиот тим составен од играчи на Мендеш и истиот го објавивме на Инстаграм профилот заедно со највредните фудбалери над 33 години. Тој беше на првото место, но се јави да се побуни дека вреди многу повеќе од таа цена. Прво прати порака до нашите колеги кои се задолжени за социјалните мрежи, тие му одговорија и му објаснија како ја вреднуваме цената и зошто истата е толкава со тоа што тој е „број еден“, но одговорот не беше доволен. Ни прати само смајли и не блокираше“, вели Шварц.

Според порталот Кристијано Роналдо денеска со 36 години вреди 35 милиони евра.

Се вчитува...