Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне сака да тргне по стапките на својот тренер Пеп Гвардиола, и е на добар пат. Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Белгија положи испит и се стекна со УЕФА А лиценца. Тој оваа сезона се грижеше за јуниорите на Сити, што му помогна да дојде до лиценцата.
Тоа значи дека Де Брујне по завршувањето на играчката кариера, планира да остане во фудбалот и да се занимава со тренерскиот занает.
Освен Де Брујне, уште деве белгиски играчи имаат лиценца за тренери: Бојата, Мертенс, Мињоле, Прат, Селс, Тросар, Тилеманс, Вертонген и Витсел.
Kevin De Bruyne received his UEFA A coaching license after two years of training with the Belgian FA 🧠 pic.twitter.com/tZwpTJprsU
— B/R Football (@brfootball) May 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА