ПМФЛ 23. КОЛО: Работнички само го налути Шкупи, на полувреме водат Брегалница и Шкендија (ВИДЕО)

На дуелот во Чаир, Шкупи има против Работнички водство од 3-1. Стартот на мечот не ветуваше такво нешто, откако Шкупи поведе преку Бајрами, но веднаш израмни Мазари.

Сепак, шансите за Шкупи се редеа, Алексовски три пати го доби дуелот со Цефас, меѓутоа Куевен по асистенција на Цефас во 33. минута донесе ново домашно водство, а пет минути подоцна конечно Цефас погоди во голот на Работнички за 3-1.

Во Штип, убедливо водство има Брегалница во дуелот со Победа со головите на Додев и на Мојсов.

Голови има и во Тетово, каде што Шкендија преку Чинари води 2-0 со Академија Пандев.  Единствено во Струга на дуелот меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП мрежите мируваат по првиот дел.

Се вчитува...