По 688 одиграни мечеви, легендата си оди од Севилја

Фудбалскиот клуб Севилја, соопшти дека капитенот Хесус Навас нема да го носи дресот на овој клуб идната сезона. Навас 17 години е дел од сениорскиот тим на Севилја, а кратко беше дел од Манчестер Сити, по што се врати во својот матичен клуб.

Со неполни две децении верност во тимот, му го донесе статусот легенда на клубот.

„Хесус Навас ќе ја напушти Севилја на крајот од сезоната 2023/24. Тоа го соопшти на клубот, на соиграчите и управата на денешниот тренинг“, стои во објавата на тимот од Андалузија.

Овој играч за Севилја одигра 688 натпревари, и освои четири трофеи во Лигата на Европа, два Купа, Супер Куп на Европа и Супер Куп на Шпанија. Навас мина 10 години во Севилја, од 2003 до 2013, а потоа се пресели во Манчестер, и во 2017 одново се врати во СЕвилја. Со репрезентацијата на Шпанија беше шампион на светот во 2010 година, и европски првак во 2012 година.

Се вчитува...