По Али Адем и Колевски, и Ибиши, поради повреда, отпадна за тестот на младата селекција во Охрид

Младата репрезентација на Македонија под водство на селекторот, Благоја Милевски во моментов во Охрид го одржува тренинг-кампот за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат.

Од првично повиканите фудбалери, селекторот Милевски поради повреда ги ослободи фудбалерите на Вардар, Али Адем и Бојан Колевски, а дополнително, исто така поради повреда не може да смета ниту на Џемал Ибиши од Вардар. На фудбалерите кои до сабота, 14. декември ќе се подготвуваат и ќе одиграат тренинг натпревар против Работнички на „Билјанини Извори“ денеска им се приклучи фудбалерот на Тиквеш, Марио Илиевски.

Пријателскиот натпревар меѓу селекцијата до 20 години и Работнички се игра в сабота од 13 часот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Се вчитува...