По Анчелоти, повторно Италијанец на клупата во Евертон: Пирло или Сари?

Челниците на Евертон се заинтересирани да видат повторно италијански тренер на својата клупа по заминувањето на Карло Анчелоти, кој ненадејно го напушти „Гудисон Парк“ и го презеде Реал Мадрид. Наводно, Анчелоти му предложил на Евертон да го ангажира Андреа Пирло.

Двајцата успешно соработуваа додека Пирло играше за Милан кога одличниот Карло беше на клупата на „росонерите“. Пирло дебитираше како тренер на клупата на Јувентус минатата сезона, но на крајот на истата, соработката беше прекината, бидејќи Андреа не ги постигна посакуваните резултати во тимот на Торино.

Покрај Пирло, кој наводно веќе имал разговор со шефовите на Евертон, во игра е и Маурисио Сари. Искусниот тренер веќе работеше во Премиер лигата за тимот на Челси, во сезоната 2018/19. Како и судбината на Пирло, Маурисио исто така беше назначен за тернер на Јувентус, а по краток период беше елиминиран од клупата на „Старата дама“. Во претходниот период, Сари беше во контакт со Тотенхем и Арсенал.

 

 

 

Се вчитува...