По Арсенал, и Ливерпул сака да пазари од Брајтон

Ливерпул до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе Ив Босума, пренесуваат англиските медиуми. „Црвените“ сакаат да стигнат до ново засилување во средината на теренот, а изборот падна на малискиот репрезентативец.

Дваесетичетири годишниот Босума од 2018 година е дел од Брајтон каде импресираше со неговите настапи. Единствениот проблем кој се јавува во овој погед е преголемата сума која овој клуб ја бара за услугите на Малиецот, а таа е 45 милиони евра.

Како потсетување, Брајтон ова лето веќе заработи 50 милиони евра од трансферот на Бен Вајт во Арсенал, а доколку замине и 24-годишникот, премиерлигашот ќе заработи огромна сума која се очекува да биде вложена во зимскиот трансфер рок.

Се вчитува...