По Бекенбауер – Дешамп

Франција вторпат во историјата се закити со титулата светски шампион, и повторно во главна улога беше Дидие Дешамп. Поранешниот ас на Јувентус пред 20 години го крена пехарот како капитен на „триколорите“, за денеска да триумфира и како тренер, со што стана само трет во фудбалската историја што успеал да стигне до големиот пехар и како играч и како селектор.

Претходно, тоа последен му успеа на Франц Бекенбауер, кој беше предводник на Германија на СП 1974, а потоа и селектор при титулата во 1990 година.

Пред Бекенбауер тоа му имаше појдено од рака единствено на Марио Загало, кој како играч стана светски првак со Бразил во 1958 и 1962 година, а потоа со истиот трофеј се закити и како селектор на „кариоките“ во 1970 година.

Се вчитува...