По дебаклот од Гибралтар, Ерменците молат за поддршка: Навивачи, сега сте ни најпотребни

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Ерменскиот фудбал ќе го памети 13 октомври 2018 година. На овој датум, пред 25 години Македонија го одигра првиот официјален натпревар и славеше со 4-1 против Словенија во Крањ, а Ерменија доживеа срам во Ереван, губејќи од Гибралтар (0-1).

Атмосферата во таборот на противникот е траорна, нема воопшто хемија ниту меѓу фудбалерите, а новиот селектор не знае како да го исправи бродот што тоне. Челниците на ерменскиот фудбал испратија и официјално соопштение до јавноста, со апел за поддршка на утрешниот меч против Македонија.

„Сега сте ни најпотребни. По неуспехот против Гибралтар, да дојдеме сите и да го бодриме националниот тим на мечот против Македонија. Ерменија може и мора многу повеќе“, велат од Фудбалската федерација на Ерменија.

Се вчитува...