По две години, Македонија ЃП го врати напаѓачот Калид Басит (ФОТО)

По две години, Македонија ЃП во своите редови го врати офанзивецот Калид Басит.

26-годишниот фудбалер на Гана настапуваше за „лавовите“ во сезоната 2020/21, од каде потоа се пресели во Есперанса во Тунис, за да минатата сезона реализира трансфер во најдобриот молдавски клуб Шериф Тираспол.

Потоа настапуваше и за Ал Тадамон во ОАЕ, за да сега повторно се враќа во редовите на Македонија ЃП. Претходно во својата кариера има настапувано и за косовска Приштина и за албанскиот прволигаш Теута.

Се вчитува...