По фантастични 45. минути и голема драма Крка ја освои АБА2

Крка е шампионот на АБА2 лигата откако по фантастичен натпревар и голема драма славеше против Хелиос по дополнителни пет минути на негов терен со 82-83.

Крка беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот. Во втората четвртина стигна и до двоцифрена предност, предност од која Хелиос успеа да се врати за натпреар на еден посед на полувремето (35-38), а истиот продолжи во сличен ритам и до самиот крај.

„Зелените“ повторно поведоа двоцифрено во последната четвртина, имаа предност од 62-72 на пет минути до крајот, но домашните кошаркари одговорија со неверојатна серија од 9-0 со која експресно се вратија во натпреварот. Хелиос имаше и предност од 78-76 на 18 секунди до крајот, а мирната рака на Стипчевиќ од линијата за слободни фрлања донесе ново изедначување.

На 3.8 секунди до крајот Хелиос имаше шанса со кош да стигне до трофејот, но изведувањето на Лук заврши низ рацете на Махковиц во аут за топка за Крка. Од половина терен не реализираше Стипчевиќ на натпреварот продолжи во дополлнителни пет минути.

Во нив продолжи големата драма, а голем трагичар на Хелиос повторно беше Лук кој промаши зицер во завршните секунди кои ќе му го донесоа шампионскиот трофеј.

Со 20 поени и 7 скока Булјевиќ беше лидер на Хелиос, а него го следеше Махковиц со 19 поени и 3 скока. 20 поени и 3 скока за Крка постигна Стипчевиќ, додека 19 поени и 5 скока додаде Спан.

Крка со победата се пласираше во АБА лигата, додека на Хелиос му останува плеј-инот против екипата на Борац Чачак.

Се вчитува...