По Гакпо, нов удар за Јунајтед: Сега Челси им ја „краде“ нивната желба

И покрај тоа што со недели се шпекулираше дека аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез ќе се пресели во Ливерпул или Манчестер Јунајтед, сепак тој е блиску да се пресели во Челси.

После ангажманот на Гакпо, Ливерпул веќе ги потроши парите за нови имиња, па така веројатно Фернандез ќе замине во Лондон, во таборот на „сините“. Со тоа Манчестер Јунајтед уште еднаш ќе остане со „празни раце“ во обидот да ангажира фудбалер во зимскиот преоден рок.

Бенфика за него бара 120 милиони евра, иако тој стигна летоска од Ривер Плата. Челси е подготвен да го собори својот рекорд на трансфери и да ја понуди бараната сума. Се верува дека тимот на Потер ќе плати 127 милиони евра.

Се вчитува...