По голема српско-грчка драма, Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз

Во извонреден меч во полуфиналето на Мастерсот во Париз, Новак Ѓоковиќ успеа да слави против Гркот Циципас за место во финалето и битка за одбрана на трофејот во главниот град на Франција.

По голема српско-грчка драма Ѓоковиќ го победи Циципас во три сета, со 6-2, 3-6 и 7-6 (4). Последниот сет во тај-брејк со 7-4 за Србинот.

За одбрана на титулата во Париз, Ѓоковиќ во финалето ќе се соочи со Данецот Холгер Руне.

Се вчитува...