По Инсиње, уште еден Италијанец го засилува Торонто

Капитенот на Џенова, и екс италијански репрезентативец Доменико Кришито се договорил од следната сезона да настапува за Торонто. Тој е вториот Италијанец по кратко време кој ќе потпише за Торонто, по Лоренцо Инсиње кој стави „параф“ на пет и пол годишен договор со тимот.

Кришито можеше да замине сега во зима, но не сакаше да ја напушти Џенова, и ќе остане да му помогне на тимот да остане во Серија „А“.

Кришито оваа сезона одигра 18 меча за Џенова во италијанскиот шампионат. Во минатото го носеше дресот и на Зенит и Јувентус.

Се вчитува...