По Јаник Синер – нов допинг скандал го тресе машкиот тенис

По целата ситуација со Јаник Синер, нов тениски скандал го тресе машкиот тенис. Аргентинскиот тенисер Факундо Багнис доброволно прифати привремена суспензија, откако кај него беше пронајдено присуство на нелегална супстанца.

За време на Отвореното првенство на САД, Багнис беше подложен на тестирање, по што беше утврдено присуство на хидрохлоротиазид. Тенисерот кој еднаш рече дека „доаѓа од место каде што те нарекуваат луд ако играш тенис“ веднаш се стави на располагање на надлежните институции за да покаже дека нема што да крие.

Во текот на кариерата, Аргентинецот никогаш не освои титула, а неговиот најдобар пласман беше 55-то место.

 

Се вчитува...