По Јирген Клоп и Милнер доби нов договор во Ливерпул

Јирген Клоп денеска ја продолжи верноста кон Ливерпул, а покрај него потпис на нов договор стави и искусниот Џејмс Милнер.

Милнер на „Енфилд“ ќе остане до 2022 година. 33-годишникот во Ливерпул пристигна во 2015 година од редовите на Манчестер Сити. Милнер овие четири години за „црвените“ одигра 198 натпревари на кои постигна 25 гола и ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

 

Се вчитува...