Вест Хем не успеа да го ангажира Хари Мегваер. Трансферот на стоперот на Манчестер Јунајтед во Лондон беше најавуван на големо, меѓутоа на крајот Англичанецот не се пресели поради тоа што бараше да му биде исплатен бонус за пласман на Јунајтед во ЛШ во висина од 8 милиони евра, пред да замине во Вест Хем.
Сега пропадна уште еден трансфер на тимот од Лондон. Станува збор за Мохамед Кудус кој беше пред портите на Вест Хем, меѓутоа очигледно дека и тој трансфер ќе пропадне.
Двата клуба не се договорија околу деталите за трансферот, и веројатно репрезентативецот на Гана нема да оди во Вест Хем. Меѓутоа и натаму останува интересот од Премиерлигата, односно од Астон Вила и од Ливерпул кои се интересираат за играчот на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА