Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија за пласман на СП 2026, кој ќе се игра на 10 октомври во Гент, се целосно распродадени.
Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.
„Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија. Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети“ – информираат од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

