По притисок од јавноста, Наполи и Лацио ги откажаа тренинзите

Фудбалерите на Наполи и Лацио, под притисок на јавноста, сепак нема да продолжат со тренинзите.

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис по третпат најавувајќи продолжување на подготовките, најави тренинг на тимот на 25. март, но извесно е дека фудбалерите нема да се вратат на трензите на овој датум.

За утре беше најавен и тренинг на Лацио, но по притисокот од јавноста и „лацијалите“ го откажаа истиот.

Веќе е јасно дека сите клубови во Серија А нема да тренираат пред април, а прашање е дали и тогаш ќе има услови за тренинг.

Се вчитува...