По само една година во Јунајтед, Варан побарал трансфер!?

По само една година во Манчестер, Рафаел Варан побарал од клубот да го пушти да си замине во случај на адекватна понуда.

Кога Манчестер Јунајтед минатото лето го ангажираше Варан, навивачите се радуваа со верувањето дека потпишале со еден од најдобрите стопери во светот на фудбалот денес.

Но, многу брзо стана јасно дека стоперот на Франција повеќе не е играчот каков што беше. Рафаел покажа дека е далеку од своите најдобри денови во Реал Мадрид.

Варан не стартуваше против Брајтон во неделата, исто како и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, а Јунајтед загуби неочекувано со 2-1 пред своите гледачи.

Французинот беше разочаран од одлуката на новиот тренер Ерик тен Хаг да го остави на клупата и сега повеќе би сакал да го смени клубот, иако токму минатото лето беше доведен за 40 милиони фунти.

Се вчитува...