„По Солскјер следува Роналдо, Португалецот ќе стане тренер на Манчестер јунајтед за 18 месеци“

Кристијано Роналдо по 12 години повторно се врати во Манчестер јунајтед, а Португалецот одлично го стартуваше својот втор мандат на „Олд Трафорд“. За ова зборува и поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд, кој потенцираше дека му предвидува уште поголеми успеси на КР7.

Шервуд, кој во текот на кариерата играше за неколку премиерлигашки клубови, вели дека Јунајтед ќе го отпушти Оле Гунар Солшер ако не освои некој голем трофеј во следните 18 месеци и потоа ќе го вработи Роналдо како тренер.

„Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека ќе стане тренер во моментот кога ќе ја заврши кариерата. Тој почна да им дава инструкции на своите соиграчи уште пред неколку години. Можам да се обложам дека ќе стане тренер на Јунајтед за 18 месеци ако Солскјер нема добри резултати“, вели Шервуд.

Се вчитува...