По трејд помеѓу четири тима Јанис доби „шампионско“ засилување за одбрана на трофејот

Последните часови од трансфер периодот во НБА лигата ни донесоа и трејд помеѓу четири тима од кои најмногу доби актуелниот шампион Милвоки кој за одбрана на трофејот ќе смета на услугите на освојувачот на прстенот од 2019 година, Серж Ибака.

Ибака заминува од Клиперс и e единствениот кој се приклучи на Милвоки, а во Лос Анџелес пристигнуваат Семи Ојелеје и Родни Худ. Покрај овие два клуба вклучени се и Сакраменто и Детроит кои ги добија Донте Дивинчензо, Треј Лајс и Џош Џексон, односно Марвин Бегли.

Се вчитува...