Побарал дрес од Меси, а потоа се шокирал што направил Аргентинецот

Колумбискиот фудбалер Фабијан Варгас прераскажува интересна анегдота од пред десеттина година која само уште еднаш ја потврдува големината на Лионел Меси.

Колумбија во 2010 година беше затекната од катастрофални поплави во кои настрадаа 174 лица, беа повредени 225 лица а загубени 19. Повеќе од милион лица останаа без своите домови.

Па, како би им помогнал на своите сонародници, Варгас тогаш фудбалер на Алмерија одлучил за време на мечот со Барселона да го побара дресот од Лионел Меси и потоа да го продаде на аукција за да со парите им помогне на настраданите.

Меси веднаш се согласил на таа идеја нагласувајќи му на Варгас дека по крајот на мечот ќе му го даде дресот. Но, Алмерија на дуелот загубила со 8-0, па Варгас онака нерасположен по мечот заборавил на дресот и веднаш се упатил кон соблекувалната. Но, потоа го чекало вистинско изненадување…

„Бев навистина нервозен и разочаран поради резултатот и веднаш по последниот судиски свиреж заминав во соблекувалната. Заборавив да поразговарам со Меси. Но, одеднаш во соблекувалната влезе нашиот економ и ми кажа дека некој ме бара. Кога излегов надвор и видов кој е се шокирав. Пред соблекувалната беше Меси кој со себе носеше и торба. Се сеќавам дека ми рече ‘еве, тоа е се што успеав’. Му заблагодарив, го прегрнав. Се вратив во соблекувалната и кога ја отворив тобрбата се шокирав. Не само што беше дресот на Меси, туку и оние на Чави, Иниеста, Пујол, Дани Алвеш… Никогаш тоа нема да го заборавам во мојот живот. Навистина сакам тоа момче да ги собори сите можни рекорди во историјата… Тој е прекрасен. Поради тоа што го направи тој ден ќе има симпатизер за цел живот. Потоа со тие дресови собравме навистина убави пари за помош на настраданите“ – раскажува Варгас.

Се вчитува...