Победа на Охрид на контролата со Велазерими

Охрид Лихнидос славеше со 2-0 на контролниот дуел против Велазерими кој се играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелци на головите за Охриѓани беа Роберт Митев и Александар Ѓорѓиески во првото полувреме од натпреварот.

Последен тест за Охрид пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига е мечот против Велешта кој е закажан за во сабота.

Се вчитува...