Победа против Ларвик ги носи вардарки во главната рунда од ЛШ

Дуелот со Ларвик (денеска, 17 ч. СЦ „Јане Сандански“) на вардарки им ја носи првата меч топка за пласман во главната рунда во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион има максимални три победи во првите три кола и со нов триумф против Ларвик во денешниот дуел од 4.коло веќе е сигурен учесник во следната рунда од ЛШ.

За разлика од Вардар кој заедно со Мец се единствените две непоразени екипи сезонава во ЛШ, Ларвик е во обратна позиција. Норвешкиот тим е еден од трите што немаат освоено ниеден бод во првите три кола од групната фаза. Фаворитската улога и разликата во квалитет вардарки ја потврдија и на дуелот од претходното коло кога го победија Ларвик со 31-19 на гостувањето во Норвешка.

Но, тренерот на Вардар, Ирина Дибирова, предупреди дека и покрај убедливата победа во првиот натпревар, вардарки мора да одиграат максимално комцентрирано и грешките да го сведат на минимум.

Ларвик има млад тим и смена на генерации, но тоа не значи дека ќе биде лесно за нас. Видовме дека во Норвешка имавме проблем секогаш кога ќе направевме грешка. Мора да ги редуцираме грешките и тогаш се ќе биде во ред“ – истакна Дибирова.

Се вчитува...