Победа си го задржува „бисерот“ Лука Трајковски

Раководството на Победа по ангажманот на Борче Маневски заврши уште една фантастична работа, осигурувајќи го потписот на својот најталентиран млад фудбалер, Лука Трајковски.

Станува збор за играч кој е стандарден член на младата репрезентација на Македонија до 17 години на селекторот Добринко Илиевски. Трајкоски во февруари наполни 17 години, а во претходниот шампионатзабележа 11 настапи за првиот тим на прилепскиот прволигаш.

Како млад фудбалер среќен сум што потпишав професионален договор со мојот матичен клуб. Останува во иднина дасе залагам и работам уште повеќе за да напредувам во мојата играчка кариера. Во следното првенство очекувам поголема минутажа, а со моите игри, пристапот и залагање ветувам дека ќе ја оправдам довербата која ми е укажана да бидам најмлад професионалец во клубот“ – изјави Трајковски.

На потпишувањето на договорот присуствуваше претседателот на Победа, Гоце Ингилизов кој му честиташе на Трајкоски на потпишаниот професионален договор, посакувајќи му многу успех во неговата кариера како во Победа, така и во репрезентативните селекции.

Се вчитува...