ФОТО НА ДЕНОТ: Победничка поза за „петката“ (ФОТО)

Ако некој во првата победа против Русија виде почетничка среќа, оваа денеска беше убава потврда дека не била само среќата во прашање. Макеоднија уште еднаш ја победи Русија, овој пат уште поубедливо (36-27) и утре ќе игра за 5.место во светот! Во најлош случај младите ќе бидат шести на мундијалот  и во секој случај, репрезентацијата што го постигнала најголемиот мундијалски успех во историјата на македонскиот ракомет.

Си отшетаа Ико и младиците до историскиот меч за 5.место во голем стил и секоја од петте победи во Алжир ја овековечија со победничка фотографија.

Радоста голема, позата позната, традицијата продолжува…

Се вчитува...