Победнички старт на Нико Ковач на клупата на Баерн

Хрватскиот стратег Нико Ковач со победа ја почна својата приказна на клупата на Баерн Минхен во Бундеслигата.

Во првото коло од германскиот шампион, Баерн славеше со 3-1 против Хофенхајм за прв триумф на Ковач на отворањето на сезоната.

Баварците победата ја најавија со голот на Томас Милер во 23. минута…

Хофенхајм израмни преку Салаи во 57. минута, но во 79. минута Левандовски од пенал донесе 2-1. Оваа ситуација предизвика бурни реакции, Левандовски го промаши првиот пенал, Робен налета на одбиената топка и постигна гол, но судијата по прегледувањето на ВАР-снимката одлучи пеналот да се изведе уште еднаш, бидејќи играчи од двата тима втрчале предвремено во шеснаесетникот.


Конечните 3-1 ги постави Аријан Робен во 90. минута од средбата…

Се вчитува...