Ливерпул денеска жали по Мајкл Робинсон, членот на легендарната генерација на „црвените“ која доминираше во сезоната 1983/84. Робинсон одигра само една сезона во дресот на Ливерпул, и тоа токму најуспешната, со оглед на фактот дека „црвените“ таа година триумфираа во англиското првенство, во Купот на Европските Шампиони и во Лига-купот на Англија.
Тој настапи на 30 натпревари за „црвените“, постигнувајќи шест погодоци. Во текот на кариерата настапуваше и за Престон, Манчестер Сити, Брајтон, КПР и за шпанската екипа Осасуна. По завршувањето на кариерата Робинсон остана да живее во Шпанија, почнувајќи успешна кариера како аналитичар и коментатор на натпреварите од Ла Лига.
„Со огромна тага ве информираме за смртта на Мајкл. Остануваме со огромна празнина, но исто така и со бројни спомени, преполни со огромната љубот што сите ја покажувавте кон него“, објави семејството на Мајкл Робинсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА