Почина човекот кој Платини и Франција ги однесе до европската титула

По долга и тешка болест во Марсеј во 87-та година од животот почина поранешниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Мишел Идалго.

Идалго од 1976 до 1984 година ги водеше „троколорите“ освојувајќи европска титула во 1984 година на ЕП во Франција. По истекот на селекторскиот мандат, четири години беше технички директор на француската репрезентација а пет години спортски директор на Марсеј.

Низ играчката кариера настапуваше за Ремс со кого ја освои титулата во Франција, а 1956 година играше и во финалето во Купот на европските шампиони против Реал Мадрид. Две првенства освои и играјќи во дресот на Монако.

 

 

Се вчитува...