Почина еден од најдобрите англиски напаѓачи на сите времиња

Легендарниот напаѓач кој го одбележа претходниот век во првенството на „Островот“, Џими Гривс почина денеска во Лондон на 82 годишна возраст.

Гривс кој кариерата ја започна во редовите на Челси, за „сините“ постигна 125 гола во четири години поминати на „Стемфорд Бриџ“ по што следеше трансфер во Милан. По кратката авантура во Италија напаѓачот се врати во Лондон, но во редовите на Тотенхем каде стана најдобриот голгетер на клубот.

Носејќи го дресот на Спарс од 1961 до 1970 година, Гривс постигна 266 голови, а за тоа време шест пати беше и најдобар стрелец на лигата. До крајот на својата кариера кој заврши во 1980 година, Англичанецот ги бранеше боите и на Вест Хем, Брентвуд, Челмфорд, Барнет и Вудфорд.

Се вчитува...