Почина Хари Грег – „херојот од Минхен“ и легендарен голман на Манчестер Јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и на Северна Ирска, Хари Грег кој беше сметан за херој на трагичната авионска несреќа во Минхен во 1958 година почна на 87-годишна возраст. Грег храбро спасуваше соиграчи и други патници во падот на авионот во кој загинаа 23 лица. Кога му се приклучи на Манчестер Јуанјтед во декември 1957 година за 23 500 фунти беше најскапиот голман во светот и беше пргласен за најдобар на Светскиот Куп следната година. За Северна Ирска имаше 25 настапи во периодот од 1954 до 1963 година.

„Хари почина мирно во болница опкружен со саканото семејство. Фамилијата Грег се заблагодарува на болничкиот персонал. На сите кои се јавија и дојдоа да го посетат им благодариме за почитта која му ја искажаа. Никогаш заборавен! “  – стои во соопштението од „Хари Грег Фондацијата“.

На помалку од три месеци откако дојде во Манчестер Јунајтед, Грег и неговите соиграчи патуваа кон Белград кога авионот се урна откако засанал за полнење гориво во Минхен. Осум играчи на Јунајтед ги загубија животите. Грег стана познат како „херојот од Минхен“ поради тоа што спаси многу од преживеаните вклучувајќи и едно мало бебе и соиграчите Боби Чарлотн и Џеки Бланчфлауер.

Беше решен несреќата никогаш да не му биде главно обележје на кариерата и на животот. Всушнот кариерата која потоа ја изгради го направи еден од најдобрите голмани на Јунајтед и на Северна Ирска. Последен пат стапна на „Олд Трафорд“ во 2018 година.

 

 

 

Се вчитува...