Легендарниот англиски фудбалер Реј Кенеди, почина денеска на 70 годишна возраст. Кенеди играше во средниот ред и во нападот, беше еден од најдобрите фудбалери во седумдесетите и осумдесетите години во Англија.
Професионалната кариера ја почна во 1968 година во тимот на Арсенал. Настапуваше во следните шест години за „топчиите“ и на 158 натпревари постигна 53 гола. Со Арсенал во 1970/71 ја освои двојната круна, го освои и ФА Купот. Потоа заминува во Ливерпул и играше до 1982 година, и на 393 натпревари даде 72 гола. Со Ливерпул освои пет титули шампион на Англија, четири Суперкупа на Англија, три Куп на европски шампиони, УЕФА Куп, УЕФА Супер-куп, како и Лига Куп.
После Ливерпул играше за Свонси и Хартпул, а кариерата ја заврши во Ешингтон. За репрезентацијата на Англија одигра 17 натпревари и постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА