Почина легендарен италијански голман, близок роднина на Буфон

Поранешниот голман и капитен на италијанската репрезентација Лоренцо Буфон почина на 96-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Милан.

Буфон кој е близок роднина на легендарниот голман Џиџи Буфон настапуваше за Милан до 1949 до 1959 година бележејќи 300 натпревари зад своето име во дресот на „росонерите“. Во текот на кариерата настапуваше и за Џенова, Фиорентина, Портогруаро, Ивера, како и за Интер чиј член беше од 1960 до 1963 година.

„Неговите „клешти“ од раце го направија Милан голем протагонист на безбројни победи во 1950-тите години. Лоренцо Величенствениот, добар човек со големо росонерско срце, не напушти. Со големи емоции се збогуваме од Лоренцо Буфон и му оддаваме почит на неговото сеќавање“, стои во објавата на Милан.

Се вчитува...