Почина легендарната Вера Николиќ, една од најдобрите југословенски атлетичарки на сите времиња

Вера Николиќ, една од најдобрите југословенски спортисти на сите времиња, почина во Белград на 72-годишна возраст. Битката за живот на Вера започна на 21 јануари годинава, кога доживеа мозочен удар во Крушевац. За брзо време била пренесена во Белград, каде била оперирана на Клиниката за неврохирургија, а потоа била во кома шест месеци и за жал не успеа да се опорави.

Родена е во Грабовица на 23 септември 1948 година. Таа е единствената српска атлетичарка која беше светски рекордер. Вера го постави рекордот на 800 метри, со време од 2:00,5 часот во Лондон на 20 јули 1968 година. Овој рекорд беше во нејзина сопственост скоро три години.

Вера исто така беше двократен европски шампион. Таа освои злато на 800 метри во Будимпешта во 1966 година и Хелсинки во 1971 година. Без никаква дилема, таа е најдобрата српска атлетичарка на 20 век. Четирипати беше прогласувана за најдобра спортистка во Југославија, додека во 1966 година беше избрана за најуспешна (вклучително и во категорија мажи).

Се вчитува...