Почина легендарниот Вилис Рид

Легендарниот американски кошаркар Вилис Рид почина на 80-годишна возраст. Рид ќе остане запаметен како двократен НБА шампион (1970, 1973), како и единствен МВП во историјата на Њујорк Никс. Наградата за најдобар играч на лигата ја доби во 1970 година.

Рид помина 10 години во НБА и сите 10 во тимот од „Големото јаболко“, од кои дури седум пати беше избиран за „Ол-стар“ натпреварот, чиј МВП беше, во плодната 1970 година.

На врвот на „Медисон Сквер Гарден“ виси неговиот дрес со број „19“, каде по завршувањето на играчката кариера работеше како тренер, а подоцна и асистент.

Меѓу другите признанија, тој беше избран за најдобар дебитант во лигата во 1965 година, беше примен во „Куќата на славнит“е во 1986 година и беше прогласен за еден од најдобрите 50 играчи во историјата на лигата.

Се вчитува...