Почина легендерен фудбалер на Манчестер Јунајтед

Ленгедарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Тони Дан почина во 79 година од животот, објави клуот на официјалниот веб-сајт. Ирецот кој настапуваше на левата бековска позиција во Јунајтед премина во 1960 година од редовите на Шелбурн. За клубот од „Олд Трафорд“ забележа 535 настапи и беше стандарден првотимец од генерацијата која во 1968 година во финалето на Купот на европските шампиони ја совлада Бенфика со 4-1. Покрај европскиот трофеј, тој два пати беше шампион на Англија, а еднаш го освои ФА купот.

„Почина еден од најдобрите одбранбени фудбалери во нашата историја. Нашите мисли се со неговите најблиски. Почивај во мир“, објавија на официјалната веб-страна на Манчестер Јунајтед. 

 

Се вчитува...