Почина Паоло Роси – италијанскиот фудбал завиен во црно

Светскиот фудбал остана без уште една легенда откако почина Паоло Роси, легендарниот италијански голгетер кој беше дел од шампионската генерација од СП 1982.

Веста прв ја пренесе новинарот Енрико Вариале, кој работеше заедно со Роси во РАИ Спорт во последните години.

„Ужасна вест, почина Паоло Роси. Незаборавниот Паоло, поради кого сите ќе го паметиме летото 1982 и со кого имавме драгоцена соработка во РАИ сите овие години“, напиша Вариале.

Роси како фудбалер настапуваше за Јувентус, Комо, Виченце, Перуџа, Милан и за Верона, се до пензионирањето во 1987 година. Најголем блесок во кариерата му беше настапот на СП во Мексико, кога постигна шест гола, меѓу нив и хет-трик при легендарната победад над Бразил од 3-2.

 

Се вчитува...