Почина поранешниот тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац

Поранешниот тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац почина во 80-та година од својот живот.

Една од најголемите тренерски легенди во поранешна СФРЈ е роден во 1939 година, а во играчката кариера настапуваше за Сараево, Игман, Слога Добој, Истра и Ровињ. Тренерската кариера ја започна во Истра за потоа да биде тренер и на Сараево, Вележ, Олимпија, Војводина, Ријека, Приштина… Во сезоната 1983/84 беше шеф на стручниот штаб и на најтрофејниот македонски клуб, Вардар. Во својата тренерска кариера беше и селектор на репрезентацијата на Јордан.

Својот најголем тренерски успех го оствари во 1979 кога како селектора на младата репрезентација на СФРЈ играше во финалето на Европското првенство. Потоа и со олимписката репрезентација на Југославија стигна до бронзениот медал на Олимписките игри 1980 во Москва а има и златен медал од Медитеранските игри 1979 во Сплит. Дел од стручниот штаб на репрезентацијата на СФРЈ беше и на Светското првенство 1982 во Шпанија.

Се вчитува...