Почина поранешниот центар на Денвер Вејн Купер

Некогашниот играч на Денвер Нагетс, Вејн Купер, почина на 65 годишна возраст. Веста за смртта ја потврдија и од Денвер, кои искажаа сочувство до семејството.

Купер 14 сезони беше дел од НБА лигата. Беше 40-ти пик на драфтот во 1979 година од страна на Голден Стејт. После две сезони во Вориорс, отиде во Јута, а потоа во 1981/82 играше за Далас.

Мина и три сезони во Портланд, а во 1984 година играше за Денвер. Настапуваше во следните пет години во овој тим, а потоа се врати во Портланд каде играше до 1992 година, кога ја заврши кариерата. Играше две финалиња, но немаше освоено трофеј.

Се вчитува...