Си Џеј Хантер, легендарниот фрлач на ѓуле од САД, почина во понеделникот на 53 годишна возраст. Причината за смртта останува непознат.
Овој легендарен спортист во 1999 година стана светски првак на СП во Севилја, а две години претходно се закити и со бронза. Најдобар резултат во кариерата му беше 21,87 метри. На ОИ во Атланта беше на 6. место, а познат е и по тоа што е поранешен сопруг на атлетската дива Мерион Џонс. Џонс освои многу медали во спринг и во штафета, но сите и беа одземени во 2007 година кога призна дека користела допинг.
Си Џеј обезбеди учество на ОИ во 2000 година, но поради повреди наводно се откажал, а потоа било откриено дека бил позитивен на недозволена супстанца, и се претпоставува дека лажирал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА