Почна „чистката“ во Барселона, Флик ја „пречкрта“ првата ѕвезда

Ханси Флик, новиот тренер на Барселона, полека го дефинира составот на екипата за следната сезона. Сега пречкрта еден играч, а тоа е Маркос Алонсо. Искусниот Шпанец ќе биде слободен играч од летово и ќе може да си бара нова средина.

Оваа вест не е неочекувана, со оглед дека Алонсо играше малку во штотуку завршената сезона. Тој има одиграно вкупно осум меча, три во ЛШ и пет во Ла Лига, и на теренот мина 359 минути.

Договорот на Алонсо веќе истекува, и нема да биде продолжен. Барселона можеше автоматски да го продолжи на уште една сезона, но не ја искористи таа можност. Алонсо е дете на Реал Мадрид, а потоа замина во Болтон, па во Фиорентина и Сандерленд, пред да се пресели во Челси, каде што ги имаше најубавите денови во кариерата.

Се вчитува...