Почна ЕП: Исланд подобар од Шведска во феноменален меч (26-24)

Со извонреден натпревар меѓу Исланд и Шведска во рамките на Групата А која се игра во Сплит, стартуваше Европското ракометно првенство во Хрватска.

Во феноменален меч Исланд триумфираше против Швеѓаните со 26-24 благодарение на одличниот на голот Густавсон кој мечот го заврши со 37% одбранети шутеви. Всушност, победникот беше решен по првото полувреме кое Исланѓаните го добија со 15-8 благодарение на 11 одбранети од 19 шута кон неговиот гол на Густавсон.

Најефикасен кај Исланд беше Гудмонсон со 7 погодоци, додека кај Шведска шест гола постигна Готфридсон.

Во Групата Б, која се игра во Пореч, Белорусија ја победи Австрија со 27-26.

Во вториот натпревар од Групата А вечерва во Сплит се игра големото дерби меѓу домаќинот Хрватска и Србија, а во Групата Б ќе играат Франција и Норвешка.

Се вчитува...