ПОЧНА НБА ЛУДИЛОТО: Кари и Дурант премоќни за Оклахома, Бостон подобар од Филаделфија

Актуелните шампиони Голден Стејт и екипата на Бостон запишаа победи на отворањето на новата НБА сезона која стартуваше синоќа.

Голден стејт триумфираше против Оклахома со 108-100. Гостите играа без повредениот Расел Вестбрук, пружајќи сериозен отпор на шампионите но на крајот беа немоќни пред Стеф Кари и Кевин Дурант. Иако Оклахома во еден момент во третиот период успеа да поведе сепак на крајот пресуди квалитетот.

Кари ги предводеше „воините“ со 32 поени, девет асистенции и осум скока, додека Дурант запиша 27 поени, осум скока и шест асистенции. На спротивната страна Пол Џорџ постигна 27 поени, а Денис Шредер 21 поен.

Селтикси во својот „ТД Гарден“ убедливо славеа против Филаделфија со 105-87, во меч во кој Џејсон Татум ги предводеше домашните со 23 поени, а ист број поени за гостите постигна Џоел Ембид плус и со 10 скока.

Се вчитува...