Почнаа да „летаат глави“ во Барселона

Неколку дена откако во јавноста се појави вест дека Барселона на компанијата „И3 Вентурес“ и плаќала да ги критикува фудбалерите, финансискиот директор на клубот Монсерат Фонт поднесе оставка.

Како што известуваат шпанските медиуми претседателот на клубот Жозеп Бартомеу имаше состанок со петорица фудбалери против кои клубот наводно водел кампања како би ги уверил дека тоа не е вистина. За петокот е закажана седница на клубот на највисоко ниво, а во меѓувреме стигна веста за оставката на директорката Фонт.

Таа поднесе оставка на местото финансиски директор по 15 години поминати во клубот. Наводно, Фонт одлуката ја донела поради тензиите кои ги имала со главниот човек за финансии Панч Шродер околу транспарентноста на финансиите во клубот и околу поединечни одлуки кои се донесени во минатото. Дали и колку нејзината одлука има врска со целата приказна околу маркетинг агенцијата да нанесе штета на фудбалерите се уште е непознато.

Се вчитува...