Почнува новата сезона во Формула 1: Може ли некој да го предизвика „недопирливиот“ Макс Ферстапен

Се е подготвено за стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, вкупно 75. издание на „летечкиот циркус“ кој во последната година загуби на популарност поради апсолутната доминација на Макс Ферстапен. Холандскиот ас урна низа рекорди на патот до третата титула во својата кариера, а останува прашањето дали некој ќе се јави како негов посереиозен кандидат во оваа 2024 година.

Ферстапен на стартот од сезоната се пожали на пеколниот распоред, ако се знае дека од денеска па се до 8 декември ќе бидат извозени вкупно 24 трки, од кои по три викенди во низа во текот на летото како и во текот на месец октомври.

„Имам чувство дека имаме навистина премногу трки. Треба да се води грижа за квалитетот, не за квалитетот, јас сакам да се тркам, да се натпреварувам, но во еден момент мора да размислувате и а квалитетот на живот, на тоа колку време минувате надвор од својот дом, далеку од најблиските“, прокоментира Ферстапен.

Асот на Ред Бул ќе ја има пол-позицијата на денешната трка во Бахраин, на која Холанѓанецот повторно е апсолутен фаворит за титулата.

Интересно ќе бидат да се следат резултатите на Луис Хамилтон во неговата последна сезона во Мерцедес пред преселбата во тимот на Ферари во 2025 година.

Формула 1 може да почне, да се надеваме со многу поголема неизвеснсот и поинтересни трки отколку што тоа беше случај во 2023.

Се вчитува...